Повеќе 3.700 лица се во карантин на крузерот „Дајмонд принцес“ , откако е откриено дека најмалку десет патници имаат коронавирус, соопштија здравствените власти во Јапонија.

Крузерот е закотвен во пристаништето во Јокохама. Се верува дека бројката на заразени би можела да порасне.

Прегледите почнале откако се разболел 80-годишен маж од Хонгконг, кој бил на крузерот минатиот месец. Сите десетмина заразени се на возраст над 50 години, но никој не е животно загрозен.

Британецот Дејвид Абел, кој на крстарењето е заедно со сопругата, за „Дејли мејл“ изјавил дека храната на крузерот се носи во кабините и немаат избор што ќе јадат, алкохолот е забранет, а на патниците им е забрането да шетаат по ходниците.

Сите патници на бродот се затворени во своите кабини. Не смееме да шетаме ни низ ходник. Имаме доста среќа што имаме кабина со балкон, но навистина сочувствувам со луѓето сместени во кабините во внатрешноста, каде нема ниту природна светлина, ниту свеж воздух, вели Абел.

Пушењето на бродот, исто така, е целосно забрането, дури и за патниците кои имаат балкон.

Во Кина, бројката на заразени се зголеми на повеќе од 24.300, а 490 луѓе починале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.