Најголема земја e во светот. Има голема, 4.000 километри долга граница со Кина. Годишно ја посетуваат милиони туристи. Поголемиот број Кинези.

По сето тоа, треба да се први на удар. Но, тие се уште немаат ниту еден сериозен случај на коронавирус.

Првите два се детектирани уште во јануари, кај двајца кинески државјани. Тие се сместени во карантин на почетокот од февруари, оздравеа и се пуштени од болница.

Како на Русија ѝ успеа да остане имуна на коронавирусот?

Некогаш е доволна и „старата школа“. Кога ситуацијата со „корона“ во Кина ескалира, Кремљ го ограничи влезот на патници од Кина во Русија. Не само за Кинезите, туку и за кого било друг кој претстојувал во Кина. На почетокот од февруари стопирани се летовите на !„Аерофлот“ од Кина. Стопирани се возовите на трансмонголската и трансмаџурската железница кои сообраќаја од Пекинг и кон Пекинг.

А, тогаш, за ништо да не се остави на случајот, Русија и службено ја затвори границата кон Кина.

Истите мерки ги презеде и за Јужна Кореја. А се подготвува и да ги примени на Иран, кој би можел да стане ново жариште од каде коронавирусот ќе се прошири на Блискиот Исток.

Секако, тоа не е сè.

За секој случај, суспендирана е и железничката линија кон француска Ница. На руските туристички агенции им се забранети патувања во Италија. Во авионите кои од Европа слетуваат во Москва и во Санкт Петербург на сите патници им се мери телесната температура.

Во сибирскиот град Тумен, во тамошниот санаториум воспоставен е карантин во кои се сместени руските државјани кои пристигнале од кинеските региони кои се епицентар на епидемијата.

(фото: АФП)

Московските власти користат компјутерска технологија за препознавање на лица со цел да ги лоцираат граѓаните кои се вратиле од Кина, а кои не се придржуваат до наредбата за домашна изолација. И уредно известија дека се фатени 88 такви случаи.

Кинезите или тие за кои постои сомнеж дека се Кинези ги издвојува полицијата и обезбедувањето во московската подземна железница и ги испитува за коронавирусот. Поради тоа протестираше Кинеската амбасада во Москва, потсетувајќи оти тоа не се прави ниту во една држава во светот.

Залудно. Локалните медиуми известуваат дека висок дипломат само што пристигнал од Кина е ставен во карантин поради мерки на предпазливост.

Речиси еден месец на влезот во Кремљ се мери телесната температура на посетителите кои присуствуваат на состаноци со Владимир Путин. Русите навистина не сакаат ништо да препуштат на случајноста.

И засега, ако им се верува на службената државна статистика, многу успешно се бранат од коронависрусот.

Извор: Слободна Далмација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.