Лидерите на земјите во развој,  за време на Генералното собрание на ОН, предупредија дека трупањето вакцини против Ковид-19 во богатите земји овозможува развој на нови варијанти на корона вирусот, со пандемијата повторно зема замав.

Филипините, Перу, Гана и многу други земји порачаа дека солидарноста не успеала, а генералниот секретар на ОН ја нарече нерамномерната распределба на вакцината „бесрамна“.

Богатите земји ја складираат вакцината, додека сиромашните ја добиваат со капалка – изјави претседателот на Филипините, Родриго Дутерте.

Според него, „тоа е шокантно и мора да се нарече со вистинското име – себичност која не е ниту оправдана ниту морална“.

Околу 35 проценти од луѓето во светот кои примиле барем една доза вакцина доаѓаат од земји со високи приходи, од кои 28 проценти се од Европа и Cеверна Америка.

Во меѓувреме, стапките на вакцинација во некои земји, како што се Хаити или ДР Конго, се помали од еден процент.

Африка е тешко погодена од т.н. национализам на вакцините, при што околу 900 милиони Африканци допрва треба да ја примат првата доза од вакцините.

САД вчера ветија дека ќе обезбедат дополнителни 500 милиони дози вакцина за други земји, а Кина две милијарди дози за остатокот од светот до крајот на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.