Откако заврши вакцинацијата на медицинските работници и старите лица во Мексико, државата почна со масовна вакцинација на најсиромашните граѓани, иако здравствените експерти не се согласуваат со таквата стратегија.

Жителите на еден мал град во центарот на Мексико, Сан Педро ел Алта, биле изненадени кога во нивното место пристигнал камион со вакцини, при што мислеле дека се работи за шега, објави „Вашингтон пост“.

Администрацијата на мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој почна кампања наречена „Прво сиромашните“, им даде приоритет на граѓаните кои се финансиски најзагрозени, наведувајќи дека вакцината е начин на кој државата им се оддолжува поради тоа што ги маргинализира со години.

Мексиканските власти претходно соопштија дека во кампањата за имунизација од декември до сега се искористени два милиони дози вакцини за заштита на старите лица и вработените во здравствената заштита и дека 526.400 здравствени работници ги примиле двете дози на вакцината на „Фајзер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.