САД, напуштајќи го Авганистан, оставаат оружје и воена опрема во вредност од 85 милијарди долари, напиша на Твитер Доналд Трамп Помладиот, син на поранешниот американски претседател.

„Воена опрема во вредност од 85 милијарди долари им е оставена на талибанските терористи. Тоа значи дека секој Американец, маж, жена, дете, придонеле со околу 265 долари за нивната терористичка кауза, врз основа на фактот дека САД е дом на околу 320 милиони луѓе. Браво, демократи!“, напиша Трамп Помладиот, придружувајќи ја пораката со табела на американскиот ревизорски суд, која укажува на бројот на специфично оружје и опрема.

Според оваа табела, Американците оставиле во Авганистан 22 174 џипа „хамви“, 634 оклопни транспортери, 155 возила „ем-икс про“ со зголемена заштита од мини, 169 оклопни возила М 113, 42 000 пикапи и оклопни возила, 64 363 митралези, 8 000 воени камиони, 162 042 преносни уреди за ноќно гледање, 358 530 пушки, 126 295 пиштоли, 176 топа.

Покрај тоа, оставени се и 33 хеликоптери „ми-17“, 33 хеликоптери „блекхок“, 43 хеликоптери МД 530, четири воени транспортни авиони Ц 130, 23 авиони „ембраер-314“, 28 авиони „цесна 208“ и 10 авиони „цесна АС-208“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.