Мексиканските безбедносни сили во Куликан го уапсија синот на Хоакин Ел Чапо Гузман пред неговата куќа, но беа принудени да го ослободат, бидејќи неговите луѓе почнаа да пукаат.

Министерот за одбрана Луис Кресенсио Сандовал прикажа видео запис од неуспешната операција за апсење на Овид Гузман Лопез, со што, како што пренесуваат светските агенции, се посрамоти администрацијата на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

На видео снимката направена од страна на војниците се гледа како Гузман излегува од куќата со кренати раце.

Војниците му наредуваат да ги прекине нападите низ градот, а тие сепак продолжиле.

Силите за безбедност се повлекле за да се избегне крвопролевање.

Во судирите во градот досега загинаа вкупно 13 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.