„Синалоа“ картелот на кралот на дрогата Ел Чапо врти повеќе пари откако тој е во затвор. „Бизнис инсајдер“ вели дека иако Хоаким Гузмаан веќе четири години е во затворот „Супермакс“ во САД, тоа не му пречи на неговиот картел да врти милијарди долари.
Наместо Хоаким, сега бизнисот го контролира неговиот партнер Мајо Замбада, но и синовите на Ел Чапо кои се нарекуваат „Лос Чапитос“.
Да биде иронијата поголема „Синалоа“ дрогата ја дистрибуира најмногу во САД, каде нивниот татко е на доживотна казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.