Јемен е една од малубројните земји во светот во која смртната казна е легална, а на извршувањето присуствуваат дури и деца.
Рефат (28) и Калед (31) се осудени поради киднапирање, силување и убивање на момче кое е грабнато од еден маж додека си играло покрај куќата. Тие двајца наводно го довлекле во својата куќа и силувале. При изрекувањето на пресудата на парот судијата рекол:

После силувањето не можеле да го запрат плачењето на детето кое молело за помош па еден од нив грабнал нож и му го скршил вратот.

Сите пресуди за смртна казна мора да ги ратификува претседателот на Јемен и обично вклучува одред за стрелање. Прекршоците обично се насилни дела како убиство, силување и тероризам, но смртната казна може да се искористи и за дела кои се во спротивност со шеријатските закони, како што се прељуба и непочитување на Бог.

Тројца други мажи претходно се убиени и обесени на кран за слично злосторство кое вклучува дете. Уште еден педофил кој силувал четиригодишно девојче исто така е стрелан а потоа обесен сите да го видат.
Директорката на „Човекови права“, Сара Ли Вајтсон го осудила изрекувањето на смртната казна во Јемен.

Јавното извршување е уште погротексно кршење на човековите права, посебно во земја во која способноста на обвинетиот да добие соодветно правно застапување и покриеност на процесот е многу ограничено, вели таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.