Седумдесет и двегодишниот Ричард Нилон, пензионер од Харбури, село кај Бирмингем, Англија, избегна да биде суден за силување и сексуална злоупотреба на шестгодишно девојче, зошто боледува од деменција.

Нилон трипати го напастувал девојчето во 1980 година. Жртвата долго време молчела, но за случајот се дознало кога пред психијатар признала што ѝ се случило пред многу години. Докторот повикал полиција, по што таа признала што се случувало и пред судот.

Тој непристојно ја допирал во два наврата во неговиот дом, кој „секогаш бил отворен за деца“. Третиот пат ја силувал.

За време на апсењето во неговиот дом биле пронајдени порнографски списанија, но и три фотографии со детска порнографија во неговиот комјутер. Но, тој ги отфрлил сите обвиненија дека ѝ направил нешто.

Поради тоа што боледува од деменција, Нилон не може да биде сослушан пред судија. Во вакви случаи, англискиот закон нуди три опции, болнички налог за ментално здравје, налог за надзор или распуштање на случајот. По спроведените медицински прегледи, кои потврдиле дека Нилон пати од деменција и не е способен да присуствува на судење, судијата го распуштила случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.