На вчерашното судење во Лондон, осомничениот сериски силувач Џозеф Мекен признал дека врзал жена и ја принудил да ги слуша врисоците на нејзиниот син и ќерка додека ги силува. Како што стои во обвинението, неколку часа по овој монструозен чин, Мекен заробил 71-годишна жена, пред која сексуално злоупотребувал 13-годишно девојче.

Кога го уапсиле на полицијата ѝ рекол: „Ако ме фатевте за првите две силувања, останатите немаше да се случат“.

Мекен (34) е обвинет за силување, сексуална злоупотреба и киднапирање на 11 жени и деца, на возраст од 11 до 71 година. Тој ги извршил овие напади помеѓу 20 април и 5 мај годинава низ Лондон, Манчестер, Ланкашир и Чешир.

Во текот на вториот ден од судењето, јавноста дозна дека Мекен бил уапсен на 6 мај. Поточно, еден ден пред тоа се сретнал со мајка на две деца во еден бар во Хаслинген и се возел со неа до нејзината куќа. Кога стигнале таму, тој ја врзал со жица за креветот.

Потоа ги разбудил 17-годишната ќерка и 11-годишниот син и ги силувал и двајцата во соседната соба. Ќерката некако успеала да избега и да скокне гола низ прозорецот и да повика полиција од куќата на соседите.

Потоа Мекен го напуштил нивниот дом, киднапирал пензионерка на 71-годишна возраст и ја принудил со нејзиниот автомобил да го вози наоколу додека барал нова жртва. Тогаш, тој грабнал 13-годишно девојче и ја присилил жената да го преземе воланот додека сексуално ја злоставувал тинејџерката.

На денот на неговото апсење, тој застанал на бензинска пумпа за да купи кондом, бидејќи киднапирал две тинејџерки и имал намера да ги силува. Кога го забележал полицискиот автомобил, удрил со своето возило во друг автомобил и излегол и почнал да бега , додека тинејџерите останале во автомобилот.

Тој при бегањето украл велосипед и се обидел да и избега на полицијата, но наскоро бил уапсен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.