Швајцарија, дел од Германија и истокот на Франција се погодени од силно невреме, проследено со обилни дождови што го парализираа дел од сообраќајот во Штутгарт, наведоа денеска локалните власти.

Засега нема информации за евентуални жртви во Германија, за разлика од Швајцарија каде се повредени пет лица.

Неколку тунели на метрото во предградието на Штутгарт се поплавени, што предизвика делумен застој на сообраќајот, објави полицијата.

Се очекува дека силното невреме во регионот, со налети на ветрот од 100 км./ч., би требало да се движи кон средишниот дел на земјата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.