Силни земјотреси денеска ги погодија Индонезија и Гватемала.

Во земјотресот со јачина од 6,2 степени  што го погоди островот Сулавеси во Индонезија загинаа најмалку 42 луѓе, а стотина се повредени. Метеоролошката агенција на земјата предупреди дека има ризик од дополнителни потреси, кои може да предизвикаат и цунами.

Земјотресите предизвикаа и одрони и лизгање на земјиште, оштетија мостови, како и повеќе од 60 живеалишта, два хотела и канцеларијата на покраинскиот гувернер. Скоро 15.000 луѓе се евакуирани во привремени засолништа.

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди денеска главниот град на Гватемала.

Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот бил крај брегот на Пацификот, на 4,7 километри југозападно од Камперика, на длабочина од 10 километри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.