Земјотрес со интензитет од 6 степени по Рихтеровата скала го погоди главниот град на Перу и други делови на перуанскиот брег.

Епицентарот бил на сто километри од Лима, на длабочина од 10 километри.

Многу жители на главниот град ги напуштиле своите домови исплашени поради земјотресот регистриран во 21.54 часот по локално време.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.