Земјотрес со интензитет од 8 степени денеска го погоди северно Перу, на длабочина од нешто повеќе од 100 километри, според Геолошкото истражување на САД. Земјотресот погодил 180 километри западно од Мојобамба, а досега не се пријавени повредени или жртви. Претседателот на Перу, Мартин Вискара, на Твитер напиша дека е во тек процена на погодените области и ги повика луѓето да останат смирени.

Моќниот земјотрес, наводно, бил почувствуван дури до Богота, Колумбија, оддалечена околу 2.000 километри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.