Плиток и силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди реонот на границата меѓу Мјанмар и Индија, соопшти Индискиот национален центар за сеизмологија.

Земјотресот бил почувствуван во Читагонг, во соседен Бангладеш, па дури и во Калкута, во источниот дел на Индија, соопштија корисници на Твитер и интернет страницата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

„Многу силно“, објави еден таков сведок во ЕМСЦ во Читагонг, кој се наоѓа на околу 184 километри (115 милји) западно од епицентарот на земјотресот.

ЕМСЦ ја утврди јачината на земјотресот на 5,8 степени, откако претходно му утврди магнитуда од 6,0 степени и соопшти дека епицентарот бил на околу 126 километри југоисточно од Ајзаул во североисточна Индија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.