Силен земјотрес со јачина од 5,7 до 6,1 степени според Рихтеровата скала утрово во 7 часот ја погоди централна Италија, јавија италијанските медиуми

Епицентарот на земјотресот бил во Марке, но бил почувствуван и во Рим, Фиренца, Болоња и северна Италија. Земјотресот е регистриран на 66 километри источно од Римини, на длабочина од 10 километри.

Според хрватските медиуми, земјотресот бил почувствуван и во Хрватска. Корисниците на апликацијата ЕМСЦ од Хрватска известуваат дека добар дел од Истра и централниот Јадран биле погодени. Засега нема извештаи за жртви и материјална штета.

ЕМСЦ известува дека земјотресот е регистриран на 29 километри северно од Сенигалија и дека бил со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Медиумите јавуваат дека земјотресот го почувствувале жителите на Марке, Абруцо и Емилија Ромања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.