Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека повеќето западноевропски компании кои увезуваат гас во ЕУ го плаќаат рускиот природен гас во рубљи, во согласност со барањата на Русија и добавувачите, а не само Унгарија, реагирајќи по написите дека земјата ја нарушува заедничката европска позиција со тоа што се согласи на таква трансакција.

Не е точно дека другите го отфрлија ова, тие се само помалку отворени по однос на ова прашање, рече Сијарто.

Компаниите кои увезуваат природен гас од Русија отвораат сметки во „Гаспромбанк“, што не е предмет на санкции, рече Сијарто за време на посетата на унгарското малцинство во Словенија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.