Учесниците на минатонеделниот самит на Европската унија постигнаа најдобар договор во однос на пакетот за закрепнување од пандемијата, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто за телевизијата France24 во петокот, додавајќи дека ако истиот не беше најдобар, Унгарија немаше да го прифати.

Нашата примарна цел беше овие европски ресурси да бидат дистрибуирани фер и според објективни критериуми. Давањето на какви било уцени или некои земји да притискаат други и да поставуваат субјективни критериуми не беше во прашање, рече Сијарто.

Тој додаде:

Поврзаноста за пристапот до фондовите на заедницата за одредени критериуми за одредени земји е неприфатлива. Ниту една членка не смее да одлучи дали друг може да има пристап до тие средства или не.

Одговарајќи за предлогот дека солидарноста во распределбата на средствата може да биде прв чекор кон федерална Европа, Сијарто рече:

Ние не веруваме во идеалот што би можел да се нарече Соединети држави на Европа“, додавајќи дека Европската унија би можела да биде силна само доколку нејзините членки се силни и инсистираат на сопствениот идентитет, како и на нивното религиозно и културно наследство“.

Што се однесува до холандскиот премиер, Сијарто рече дека Марк Руте е про-имиграциски политичар, кој ја мрази унгарската остро антимиграциска политика.

Во врска со евентуалниот втор бран на пандемијата на коронавирус, Сијарто рече дека Унгарија е претпазлива при дозвола за влез на граѓаните од земји надвор од ЕУ, но влезот е слободен за сите европски граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.