Илјадници полицајци во Германија извршија претрес во домовите на 50 лица како дел од националната акција против споделување и дистрибуција на детска порнографија преку Интернет, соопшти денеска полицијата во Келн.

Ниту еден од 48 мажи и две жени осомничени за вмешаност не се уапсени при вчерашниот претрес, но истражителите заплениле околу 2.000 телефони, компјутери и други уреди со складирани фотографии, соопшти полицијата.

Осомничените се обвинети за споделување фотографии од сексуално злоставување на деца преку социјалните мрежи, изјави Мајкл Есер, директор на одделот за кривична истрага во полицијата во Келн.

Според моменталната состојба на истрагата, никој од нив не е осомничен за директна злоупотреба на деца.

Рациите беа организирани во 12 земји со фокус на Баварија. Истрагата е започната во октомври 2019 година и идентификувани се 207 осомничени

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.