Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека најмалку 20 мигранти загинале откако шверцери на мигранти исфрлиле 80 од нив преку палуба за време на патување од Џибути кон Јемен во Источна Африка .

ИОМ во соопштението наведува дека шверцерите, пред да ги фрлат луѓето, викале дека ги има премногу, откако бродот со 200 мигранти, меѓу кои и деца, почнал да плови. Досега се пронајдени пет тела, а на преживеаните им се укажува помош во Џибути.

Вакви случаи имало и порано, бидејќи илјадници мигранти сè уште се обидуваат да се пробијат од Рогот на Африка кон Јемен, а потоа и до богатите земји од Персискиот залив. Сè уште не е познато од кои земји се мигрантите што биле на бродот, иако најчесто станува збор за луѓе што патуваат од Етиопија и Сомалија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.