Снимка на која шведскиот политичар со балкански корени, Дарко Мамковиќ (52) е снимен како шмрка кокаин, ја шокираше шведската јавност.

На видеото, објавено од „Експресен“, се гледа како Мамковиќ седи на софа. Во позадина има музика, а на масата пред него има лименки енергетски пијалоци, наргиле, но и бел прав за кој се смета дека е кокаин. Мамковиќ се наведнува двапати кон прашината на масата.

Извори на „Експресен“ тврдат дека информациите дека Мамковиќ, кој во моментов е службено лице во градот Норчепинг, консумирал наркотични средства биле дискутирани од социјалдемократите на Шведска (СД). Дополнителен проблем е што Мамковиќ е истакнат партиски функционер. Покрај тоа, тој е член на регионалниот одбор во Естерјетланд и претседател на општинскиот одбор на СД Норчепинг.

Тоа беше грешка, бев пијан на приватна забава, каде се покажа дека лицето кое ми ја даде супстанцијата бараше да добие компромитирачки материјал против мене заради изнуда, коментира Мамковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.