Во Шведска се гласа за избор на нов парламент, а избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот по локално време.

Првичните резултати се очекуваат веднаш по затворањето на гласачките места. Првите официјални делумни резултати треба да ги објави изборната власт во текот на вечерта.

Анкетите покажуваат тесна трка меѓу двата политички табора. Социјалдемократите предводени од премиерката Магдалена Андерсон најверојатно повторно ќе освојат најмногу гласови.

Од другата страна на политичкиот спектар, лидерот на Умерената партија Улф Кристерсон се надева дека ќе ја замени Андерсон како шеф на владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.