Наместо да се смеете на нашиот модел за борба против Ковид-19, подобро е нешто да научите од нашето искуство, затоа што карантинот и другите ограничувања воведени во сите европски земји можат да функционираат само за кусо време, а на долг рок шведскиот модел е подобар.

Ова го тврди творецот на таканаречениот „Шведски модел“ за одбрана од пандемијата Андрес Тнегел во писмо што го објави порталот Политико.

Шведската Влада не воведе рестриктивни мерки, туку само ги упати на граѓаните како да се однесуваат, што резултираше во повеќе заразени и повеќе жртви од коронавирус отколку во земјите што воведоа карантин.

Во писмото се објаснува дека „шведскиот модел“ не е ист како оној што бил применет во САД и Бразил, односно „живеј и дозволи да се умре“, ниту е метод „секој се грижи за себе“, туку „сите за сите”.

„Шведскиот модел“ за одбрана од коронавирусот има историски корени и се заснова на идејата дека секој треба да учествува во одбраната (не само против зараза, туку и во други ситуации) и дека сите треба да придонесат.

На долг рок, „шведскиот модел“ ќе се покаже како подобар, бидејќи строгите мерки за ограничување, црвените зони и карантинот можат да се применат само за кратко време.

Да се ​​спротивставиме на кризи што траат подолго или се враќаат во бранови е можно само преку одговорно учество и однесување на сите граѓани, се вели во писмото од Стокхолм објавено од онлајн списанието „Политико“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.