Шведскиот крал Карл Густаф (Карл XVI) го намали бројот на членовите на семејството кои ќе примаат пари од средствата добиени од даночните обврзници со тоа што одлучи да го укине статусот на кралското височество за пет свои внуци.

Принцезата Леонорa (5), принцот Николас (4), принцезата Адриен (1), и принцот Александар (3) и принцот Габриел (2) од вчера се без кралски титули.

Шведскиот крал Карл Густав (Карл XVI) го намали бројот на членовите на семејството кои ќе добиваат пари од буџетот, со тоа што одлучи да го прекине статусот на кралско височество за овие пет внуци.

Како што е соопштено, кралските внуци ќе ги задржат титулите принц или принцеза и војвода или војвотка, но нема да ги извршуваат кралските должности, пренесува Си-ен-ен.

Би-би-си наведува дека оваа одлука значи дека внуците на Карл Густав, на возраст од една до пет години, веќе нема да добиваат годишен „џепарлак“, апанажа што им се исплаќа на членовите на кралското семејство од буџетот.

Одлуката не се однесува на двете деца на престолонаследничката, принцезата Викторија, за принцезата Естела и нејзиниот помлад брат, принцот Оскар.

Родителите на пет деца исклучени од кралските должности, принцот Карл Филип и неговата сопруга принцезата Софија, како и принцезата Мадлен и нејзиниот сопруг Кристофер О’Нил ја поздравија одлуката на кралот на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.