Шведската тинејџерка Грета Тунберг, која ги поттикна протестите на младите против глобалното загревање, ги повика европските лидери да дејствуваат и да ја зачуваат планетата исто како што ветија дека ќе ја обноват од пожар опустошената париска катедрала Нотр Дам.

„Вчера целиот свет со така и очај сведочеше на пожарот во катедралата Нотр Дам, но Нотр Дам ќе се обнови“, кажа Тунберг во Европскиот парламент во Стразбур.

„Сакам да ве фати паника. Сакам да дејствувате како куќата да ви гори“, кажа Тунберг. „Бројни политичари му кажаа дека паничењето не носи ништо добро. Се сложувам, но кога ви гори вашата куќа и сакате да спречите уривање, тогаш е добро малку да се паничи“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.