Шведската премиерка Магдалена Андерсон е позитивна на корона вирусот, изјави денеска нејзиниот портпарол.

Премиерката ги следи актуелните препораки и должноста ќе ја врши од дома. Таа се чувствува добро, со оглед на ситуацијата, рече тој.

Андерсон (54) е една од неколкуте членови на Социјалдемократската партија заразени со ковид по дебата во парламентот претходно оваа недела, додека кралот, кралицата и принцезата на Шведска се заразиле на почетокот на овој месец, според „Ројтерс“.

Шведска бележи рекорден број нови случаи на корона вирусот, околу 25.000, поради ширењето на заразниот сој омикрон, а здравствените власти очекуваат дека врвот на четвртиот бран на епидемијата на крајот на месецот ќе донесе 70.000 нови случаи на ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.