Шведските обвинители се откажаа од истрагата против Џулијан Асанж, кој во 2010 година беше пријавен за силување. Го пријави една жена која тврдела дека ја силувал во текот на посетата на Шведска истата година, јави Би-Би-Си.

Асанж во моментов е во Велика Британија каде ја отслужува затворската казна од 50 недели, бидејќи ги прекршил условите за гаранции, со своето бегство во Амбасадата на Еквадор во Лондон, за да го избегне предавањето на Шведска за пријавеното силување.

Во Амбасадата Асанж мина седум години, а беше уапсен на 11 април годинава.

Шведскиот суд претходно веќе го одби барањето за притвор во негово отсуство, што значеше дека не може да биде екстрадиран во нивната земја, а сега се откажа и од истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.