Шведска размислува за давање трета доза на вакцина против коронавирус на поголем дел од населението од страв дека заштитниот ефект на две дози од вакцината не е доволен и дека може да почне да опаѓа со текот на времето, објави денеска Агенцијата за јавно здравје, пренесува Танјуг.

Здравствената агенција неодамна забележа дека има околу 40.000 луѓе на кои им е потребна трета доза од вакцината, но денес објави дека овој број на луѓе наскоро би можел да биде поголем.

Има сигнали од странство што укажуваат дека заштитата од вакцинација исчезнува по некое време, особено кај постарите лица – рече на прес -конференција претставничката на Агенцијата за јавно здравје, Сара Бифорс, пренесува Ројтерс.

Таа посочи дека е важно оваа потреба да се задоволи со третата доза.

Шведска вакцинираше 83 проценти од населението на возраст над 16 години со една доза, а 76 проценти ги примија двете дози.

Земјата одлучи да не воведува карантин за време на пандемијата на вирусот корона..

Повеќето мерки и препораки против коронавирусот, како што е наведено, ќе бидат завршени следната недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.