Шведска денеска пријави најсилен земјотрес во историјата на рударството, со јачина од 4.1 степени, што настанал со минирање на вратило во рудник за железо, северно од Арктичкиот круг, соопшти компанијата што управува со рудникот ЛКАБ.

Во моментот на земјотресот во рудникот се наоѓале 13 рудари, кои веднаш биле евакуирани и нема повредени лица.

Според податоците на американскиот Геолошки институт се наведува дека земјотресот бил со јачина од 4.9 степени.

Рудникот Кируна, стар повеќе од еден век, произведува 14.7 милиони тони железо годишно, а како што истакнаа од ЛКАБ, рудникот ќе биде затворен до понатамошно известување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.