Шведска размислува во 2022 година да понуди бустер вакцина против корона вирусот за „поголем дел од населението“.

Како што соопштија шведските здравствени власти, есенва може да почне да се дава дополнителна доза од вакцините за најзагрозената популација.

Сепак, шведската Агенција за јавно здравје соопшти дека конечната одлука, се уште не е донесена.

Неколку земји размислуваат да предложат воведување бустер вакцина против корона вирусот во време кога се евидентираат се поголем број случаи на делта варијантата на вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.