Шведските здравствени власти предупредуваат дека вториот бран на епидемијата на корона вирусот што ја погоди Шведска би можел да го има својот врв кон средината на декември. Тие сметаат дека развојот на случувањата ќе зависи од тоа колку јавноста ќе ги следи упатствата за социјално оддалечување.

До сега, од почетокот на пандемијата во Шведска починаа 6.622 лица, што по глава на жител е значително повеќе од соседните Норвешка, Данска и Финска, кои во текот на пролетта се одлучија за построги рестриктуивни мерки. Сепак, овие бројки во Шведска се помали од тие во останатите поголеми европски држави.

Шведската влада и даде задача на Агенцијата за јавно здравје да направи модел за тоа како ќе се развива епидемијата со цел да им помогне на властите и на здравствените служби при планирањето на следните потези.

По воведените заострени мерки што се на сила од средината на октомври, во Шведска се намали ширењето на болеста, но како што соопштија од Агенцијата, епидемијата би можела да го достигне својот врв во наредните недели.

Агенцијата се соочи со критики во шведските медиуми дека нејзиниот претходни обиди за моделирање биле неточни, како што, на пример, беше предвидувањето дека за време на есента земјата неама да се соочи со масовен втор бран на зарази.

Моменталното сценарио се оснива на бројот на инфекции пријавени меѓу 24 август и 6 ноември.

Во последните 24 часа во Шведска се регистрирани 5.841 нов случај на позитивни, како и 67 смртни случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.