Шведската Влада нема да препорача вакцинирање за коронавирусот на децата под 18-годишна возраст, бидејќи шведските експерти сметаат дека децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа не им е потребна вакцината.

Од друга страна, шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се од ранливите групи и на постарите лица, пренесе СиЕнЕн.

Главниот шведски епидемиолог, Андерс Тегнел, објасни дека Шведска работи според принципот на доброволна вакцинација, а тоа беше случај и за време на минатите пандемии, кога беа вакцинирани голем број луѓе.

Веројатно го имавме најголемиот процент на вакцинирани лица во светот. На почетокот нема да биде најрелевантно да се вакцинираат децата, туку оние кои се ризична група – постарите лица и оние кои работат со нив, рече Тегнел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.