Шведската Влада нема да препорача вакцинирање против корона вирусот за помладите од 18 години.

Ваквата одлука е донесена поради сфаќањето дека децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин и дека не им е потребна вакцината. Сепак, вакцинацијата се препорачува за возрасни, особено оние кои се од ранливите групи и постарите лица.

Главниот шведски епидемиолог, Андерс Тагнел, во изјава за „Си Ен Ен“ вели дека Шведска функционира по принципот на доброволно вакцинирање и дека тоа било така и за време на минатите пандемии, но стапката на имунизација била висока.

Веројатно имавме највисока стапка на имунизација во светот – појаснува епидемиологот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.