Швеѓаните помлади од 65 години, кои примиле една доза на вакцината против коронавирус од „Астразенека“, како втора доза ќе примат вакцина од друг прозиводител, објави денеска Шведската здравствена агенција.

На лицата под 65-годишна возраст, кои веќе примиле доза од ‘ваксзеврија’ (што е новото име на вакцината oд ‘Астразенека’), треба да им се понуди втора доза од друга таканаречена mRNA вакцина како што е онаа на ‘Фајзер’ / ‘Бионтек’ или ‘Модерна’ – посочи здравствената агенција во соопштението, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.