Делегација на Шведска, која е кандидат за членство во НАТО, се сретна со турски официјални претставници за да разговара за барањата на Анкара за екстрадиција на луѓе кои ги смета за терористи, објави турската државна новинска агенција.

Турција се закани дека ќе ги блокира кандидатурите на Шведска и Финска да се приклучат на воената алијанса, при што ги обвини двете нордиски земји дека ја игнорираат нејзината безбедносна загриженост и инсистира да го променат својот став кон курдските бунтовници и другите групи кои Анкара ги смета за терористи.

Анкара побара и укинување на ембаргото за оружје на Турција.

НАТО одлучува со консензус, а за членството на нордиските земји потребно е одобрение од Турција.

Официјални лица од министерствата за правда на Шведска и Турција почнаа дводневни разговори за можна екстрадиција на луѓе поврзани со забранетите курдски групи или мрежата на прогонетиот свештеник кој Анкара го обвинува за организирање на неуспешниот пуч во 2016 година.

Минатата недела, Шведска објави дека ќе го укине ембаргото за оружје воведено од Анкара во 2019 година, по воената операција на Турција против курдската полиција во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.