Швајцарскиот воздушен простор е повторно отворен за сообраќај, соопшти Службата за контрола на летање „Скајгајд“.

Според информациите од „Скајгајд“, надминати се техничките проблеми и од 8:30 часот по локално време повторно е нормализиран авиосообраќајот на небото над Швајцарија. Обновени се летовите од и кон аеродромите во Цирих и Женева.

Претходно беше соопштено дека поради технички проблеми и дефект на компјутерската опрема привремено се затвара за авиосообраќај просторот што е под контрола на швајцарската Служба за контрола на летање. Авионите кон Швајцарија беа пренасочувани кон ал тернативни аеродроми во северна Италија.

Не се соопштени детали околу техничкиот проблем поради кој дојде до прекин на авиособраќајот на швајцарското небо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.