Граѓаните во Швајцарците на денешниот рефендум ќе се изјаснат дали треба да се забрани покривање на лицата на жените на јавни места.

Иницијативата, покрената од десниот политички табор, доби поддршка и од левиот центар, поради што се очекува мнозинството Швајцарци да ја поддржат забраната за носење бурка и никаб и предлогот да стане закон.

Тоа го покажуваат и анкетите спроведени пред референдумот, па се очекува Швајцарија, која пред малку повеќе од 10 години изгласа забрана за изградба на минариња во својата земја, сега да ѝ се придружи на соседна Франција, која во 2011 година целосно забрани носење на бурка.

Во Швајцарија никој не носи бурка, а никаб носат триесетина жени, според податоци на Универзитетот во Луцерн. Муслимани се 5,2 проценти од 8,6 милиони жители на Швајцарија, а поголемиот број од нив се од Турција, од Босна и Херцеговина и од Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.