Во Швајцарија денеска се одржува референдум на кој граѓаните ќе одлучат за тоа дали ќе го прифатат „Ковид законот“ кој претставува законска рамка за претходно донесените мерки за заштита од коронавирусот.

Швајцарскиот парламент овој закон го усвои уште во септември минатата година.

Со „Ковид законот“ се регулира начинот за ублажување на негативните финансиски последици предизвикани од пандемијата, трошоците за здравствена заштита, заштита на работа, кога треба да се затворат границите и уште неколку мерки.

Ако граѓаните не го прифатат овој закон, нивната одлука ќе почне да се спроведува од септември годинава, односно една година откако законот беше усвоен во швајцарскиот парламент.

Референдумско изјаснување за „Ковид законот“ побара група граѓани кои се нарекуваат „Пријатели на уставот“. Тие успеаја да соберат 90.000 потписи од швајцарски државјани кои беа доволни за да се распише референдум. За распишување на референдумот беа потребни минимум 50.000 потписи кои мора да бидат собрани најдоцна 100 дена откако Парламентот ќе го усвои законот.

Граѓаните што ја сочинуваат оваа група сметаат дека нив и на нивните сограѓани мора да им се даде можност да се изјаснат за мерките на власта. За дел од нив, тие сметаат дека биле исклучително штетни, а тоа посебно се однесува на затворањето. Укажуваат и на тоа дека мерките имаат негативни последици по здравјето на луѓето, пред се на менталната состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.