Повеќе од 7.000 луѓе се евакуирани од своите домови поради шумски пожар засилен од ветрот што избувна на имотот каде што се наоѓа базата на американската морнарица во јужниот дел на Калифорнија.

Таканаречениот „Крик пожар“, активен шумски пожар кој гори од септември, се разгори покрај патот на источниот раб на кампот „Пенделтон” северно од Сан Диего. Пожарот многу брзо зафати околу 3.000 хектари.

Во пожарот нема жртви ниту штета, но утрово е издадена наредба за евакуација на луѓето сместени во базата, како и во блиската населба Фолбрук, каде живеат 7.000 лица.

Според податоците од пладне по локално време, пожарникарите не биле во можност да го изгаснат пожарот и покрај тоа што дотогаш ослабеле силните ветрови.

Во моментов во тек е истрага за причините за пожарот.

Овогодишната сезона на шумски пожари во Калифорнија беше една од најлошите. Пожарите зафатија над четири милиони хектари и над 10.000 домови и згради, а животот го загубија 33 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.