Штрајкoви на вработените на три аеродроми во ГерманијаОбјавено пред 14 минути – 10 јануари, 2019Од Макфакс

Вработените на три аеродроми во Германија – Дизелдорф, Келн-Бон и Штутгард стапија денеска во еднодневен штрајк барајќи зголемувања на платите.

Штрајкот доведе до нарушување на воздушниот сообраќај во Германија. Погодени се околу 100 000 патници, а влијае и на другите аеродроми, меѓу кои и берлинскиот, каде што се откажани 90 летови, пренесуваат германските медиуми.

Синдикатот „Вер.ди“ бара на вработените на аеродромите да им се зголеми саатницата на 20 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.