Вработените во Франција, вклучувајќи ги наставниците, лекарите, адвокатите 13 ден по ред, повторно ги напуштија работните места за да протестираат против зголемување на старосната граница за заминување во пензија и да го зачуваат системот на социјална заштита.

Поради тоа, граѓаните и туристите речиси две недели се соочуваат со проблеми во сообраќајот.

Неколку часа пред почетокот на протестот, полицијата ја барикадираше Елисејската палата поради можноста активистите на движењето „Жолти елеци“ или радикалните демонстранти да предизвикаат насилство, кои се бесни поради економската неправда.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.