Главен светски проблем деновиве е Нагорно-Карабах, но малкумина знаат што всушност се случува. Нагорно-Карабах е територија официјално под Азербејџан но во кој живеат Ерменци.

Се наоѓа во Јужниот Кавказ околу 270 километри западно од азербејџанскиот главен град Баку и многу блиска до границата со Ерменија.Во оваа територија живеат околу 150.000 воглавно Ерменци со свое знаме, грб и химна.Официјална валута е ерменскиот Драм.

Во 1991 година одржаа и референдум на кој прогласија независност.Но Нагорно-Карабах не е признат од ниту една држава освен од матичната Ерменија.

Многумина оваа теритрија ја поистоветуааат со Косово кое исто така еднострано прогласи независност но тоа е признато од најголемите светски сили, што не може да се каже за Нагорно-Карабах.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.