Новиот вирус, од кој досега живот загубија девет лица во Кина, може да се адаптира и да мутира, и поради тоа е тешко да се држи под контрола епидемијата. Во обид да се анализара ситуацијата и да се прогласи „вонредна состојба во светот“, Светската здравствена организација денеска одржува вонреден состанок.

Импулс за таква одлука може да влијае и првиот случај на заболен со тој вирус во САД. Потврдено е дека вирусот може да се пренесе од човек на човек и тоа ја зголемува можноста за ширење на заразата.

Гао Фу, директор на кинескиот центар за контрола и спречување на болести, нагласи дека вирусот корона потекнува од нелегалниот пазар за трговија со диви животни.

Според кинеските власти бројот на заразени од новиот тип корона вирус во Кина се зголеми на над 440, од кои деветмина ги загубија животите. Заразените се во 13 кинески провинции.

Експерти се сомневаат дека во моментот има над 1.700 заразени лица во Кина.

– Веќе е регистрирано пренесување на вирусот од човек на човек и инфекции на медицински персонал. Докажано е дека боилеста се пренесува преку респиаторнио тракт и постои мутација на вирусот, истакна Ли.

Сите деветмина починати пациенти се од провинцијата Хубеи каде има и најмногу заболени.

Стравот од епидемија се шири бидејќи милиони Кинези оваа недела ќе патуваат кон своите домови на прослава на Новата година в сабота.

Случаи на заразени со тој вирус има и вон Кина. Пациенти со такви симтоми има во Тајван, Филипини, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја и САД. Новиот вирус е од групата вируси причинители на САРС од кој во 2002/2003 живот загубина речиси 800 луѓе во светот, а кој исто така имаше потекло од Кина.

Кинерските власти советуваат да не се патува во Вухан, град од каде почна ширењето на вирусот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.