Владата на Шпанија утре ќе помилува деветмина затворени каталонски сепаратисти кои се обвинети за незаконско организирање на референдумот за отцепување на Каталонија во 2017 година.

Утре, водејќи се од уставниот дух на простување, ќе предложам кабинетот да го одобри помилувањето – најави премиерот Педро Санчез за време на говорот во Барселона.

Деветтемина сепаратистички лидери добија долги затворски казни поради бунт и други дела поврзани со забранетиот референдум за отцепување и за прогласување независност.

Ниту еден влијателен приврзаник за независност не присуствуваше на говорот на Санчез во Куќата на операта во Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.