Додека повеќето компании во Шпанија се затворени поради вонредната состојба, произведувачите на ковчези поради коронавирусот работат 24 часа на ден и вработиваат плус работници.

Сега доставуваме осум пати повеќе ковчези од порано, Само во Мадрид продаваме 300 ковчези дневно, иако Мадрид не е нашиот главен пазар, бидејќи повеќето ги дистрибуираме на северот на Шпанија,в ели за медиумите Марија Чао, директорка на компанија со седиште во Мадрид.

За да го зголеми производството, компанијата во изминатите десет дена вработила уште шест работници на неодредено време.

Во Шпанија во вторникот од ковид-19 починале 743 лица, најмногу во последните три дена. Вкупно починати досега има 13.798.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.