Шпанија целосно ја отстрани вакцината на „АстраЗенека“ од вакциналните можности што ги нуди земјата.

Како што објави „Кадена СЕР“ единствени коишто во иднина ќе може да примат „АстраЗенека“ во земјата се нешто повеќе од еден милион граѓани, повозрасни од 60 години, коишто го чекаат терминот за примање на втората доза од вакцината.

Од медиумот објаснуваат дека со одлуката на шпанската влада се планира веќе купените дози од оваа британска вакцина, Шпанија набави преку 10 милиони дози, преку системот Ковакс ќе бидат испратени во други земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.