Шпанската Влада разгледува неколку можни мерки, вклучително и воведување полициски час, во обид да се справи со новиот бран на епидемијата на корона вирусот.

Воведување на полициски час во Мадрид, а можеби и пошироко, бара воведување вонредна состојба – изјави шпанскиот министер за здравство Салвадор Иља.

Министерот додаде дека за секоја вонредна состојба, која ќе трае подолго од две недели, ќе биде потребна поддршка од некои опозициски партии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.