Шпанците помлади од 60 години кои ја примиле првата доза на вакцината на „Астразенека“ ќе им биде дозволено да добијат втора доза или од тој производител или од „Фајзер“, соопшти шпанската министерка за здравство Каролина Даријас.

Таа додаде дека ова е исклучок поради вонредни околности.

Шпанија во март ја ограничи употребата на вакцината на „Астразенека“ против ковид на луѓе постари од 60 години, поради загриженост за можна појава на згрутчување на крвта кај помлади луѓе по вакцинирањето. Со тоа околу 1,5 милиони Шпанци кои ја примија првата доза на „Астразенека“ беа во неизвесност.

Студијата Комбивакс, спроведена од шпанскиот институт за здравство „Карлос III“, исто така утврдила дека вакцинацијата со „Фајзер“ кај луѓе кои ја примиле првата доза на „Астразенека“ е безбедна и ефикасна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.