Шпанскиот парламент денес изгласал вонредната состојба во земјата која ќе продолжи за уште 6 месеци, со што локалните власти ќе добијат дополнителни овластувања за контрола на вториот бран корона вирус.

Вонредната состојба во Шпанија ќе остане во сила до 9. мај 2021 година, пренесува Ројтерс.

Шпанија е една од најголемите жаришта на коронавирус во Европа, со повеќе од 1,1 милион заразени од почеток на пандемијата и повеќе од 35.000 смртни случаи.

Свесни сме дека граѓаните се уморни од повеќемесчните напори и жртви и од тоа што неможат да праваѕ она што предходно го правеаа – да се прегрнуваат и дружат со семејството и пријателите. Но не е време за ублажување на мерките, имаме многу тешки недели и месеци пред нас, изјавил министерот за здравје Салвадор Илја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.