Денеска Шпанија го надмина прагот од еден милион заразени со корона вирусот и е прва членка на Европската унија (ЕУ) со толку голем број заразени лица.

Министерството за здравство објави дека 16.973 лица биле заразени во последните 24 часа, што е вкупно 1.005.295 од почетокот на епидемијата.

Во последните 24 часа починаа 156 лица, а од почетокот на епидемијата починаа 34.366 лица.

Шпанија, со околу 47 милиони жители, е шеста земја во светот што го надмина прагот од еден милион заразени по САД, Индија, Бразил, Русија и Аргентина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.